skip to Main Content

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Пред нас есенска, студена и дождлива ноќ – во сабота ЗИМСКО УТРО

СЛАВЧО ПОПОСКИ: Пред нас есенска, студена и дождлива ноќ – во сабота ЗИМСКО УТРО
  • 19.09.2019

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, во текот на претстојната ноќ во поголем дел од државава ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог.

Ќе дува умерен, на некои места и тоа особено долж Повардарието засилен ветер од северен правец, додека температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на значително опаѓање и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 12 степени.

Поради значителното заладување, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да дојде и до провејување на слаб снег.

Во текот на утрешниот ден врнежите ќе престанат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Во сабота, утрото, пак, ќе биде зимско и студено, со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ваквата ситуација, ги советуваме земјоделците на време да ги заштитат своите земјоделски култури и посеви, поради опасноста од можна појава на слаб мраз и слана.

За повеќе метео детали посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.

Back To Top