Славчо Попоски: Облачна маса се движи кон Македонија, промената на времето се поблиску до нас

Во следните часови облачна маса на воздух ќе ја зафаќа нашата држава па така и облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Во текот на ноќта пак услови за локална појава на дожд ќе има претежно на исток и на север од државава. Исто така повремени врнежи со слаб до умерен интензитет и од локален карактер ќе имаме и утре а исто така услови за локален дожд ќе имаме и во деновите потоа.
Поради продорот од север температурите од утре ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени а дождот кој ќе се појави од локален карактер ќе биде релативно слаб поп интензитет барем овие денови. Повторен позначителен пораст на температурите на воздухот ќе имаме на почетокот од следната недела и тоа под влијание на јужно воздушно струење.
За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.