Славчо Попоски: ЗЛАТКА НОСИ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ – Има услови и за НЕСТАБИЛНОСТ СО ГРМЕЖИ

Полека ќе потпаѓаме под влијание на циклонот ЗЛАТКА па така ќе започне ветер од јужен и од југоисточен правец и на повеќе места и тоа утре и во понеделник ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет и повремено на некои места ќе достигнува брзина од над 80 км/час.
Времето ќе биде умерено до значително оболачно а особено на запад ќе има повремени локални послаби врнежи од дожд. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени и тоа особено утре кога истите ќе бидат во понатамошен пораст.
ЗЛАТКА поинтензивни врнежи ќе донесе во понеделник кога локално ќе има услови и за нестабилност проследена со грмежи. Особено на запад се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Не се исклучува можноста и за ретка појава на град.
За подетални инфроамции следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.