skip to Main Content

Славчо Попоски: Европа уште сега се соочува со студови и ГОЛЕМИ СНЕГОВИ – анализа зошто тоа се случува

Славчо Попоски: Европа уште сега се соочува со студови и ГОЛЕМИ СНЕГОВИ – анализа зошто тоа се случува
  • 29.09.2019

Невообичаена е појавата зимата толку рано да пристигне во северните и во североисточните предели од Европа и веќе истата условува интензивни снежни врнежи. Снег деновиве наврна и на Европските и на Италијанските алпи каде на некои места снежната покривка веќе иснесува и половина метар.

Снег падна и на словенските како и на бугарските планини за време на изминатиот студен бран кој од многу неодамна ја зафати Европа и Балканот.

Сепак следната недела нов студен зимски удар ќе ја зафати северна и североисточна Европа и истиот ќе се спушти и во делови од централна Европа. Иситиот ќе го почувствуваме и ние со позначителен пад на температурите на воздухот како и со северен ветер. Во северните и во североисточните предели од Европа повторно очекуваме поинтензивни снежни врнежи а интензивни снежни врнежи се очекуваат и на Алпите. Да напоменеме дека сето ова е поради постепениот пад на температурите на земјата и значителното намалување на озонската дупка.

Сето ова доведува до подолги и многу поостри зими со многу повеќе на врнежи од снег. Ваквите појави и тоа како ни се случуваат а тоа можат да го приметат и самите граѓани.

Ваквата тенденција на падот на температурата на земјата ќе продолжи и понатаму.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top