Славчо Попоски: Доаѓа ЗЛАТКА! ЦИКЛОНОТ ќе достигнува брзина од над 70 км/час

Времето во нашата држава ќе се задржи умерено до значително облачно а локално ќе има и услови за сончеви периоди. Особено на запад и на југ ќе има услови за слаб повремен дожд од локален карактер, а ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер кој полека ќе ЗАСИЛУВА на интензитет.
Особено засилен ветер на повеќе места ќе имаме во недела и во понеделник кога локално повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час па токму поради ова на граѓаните ги советуваме да бидат препазливи. Сето ова ќе биде под влијание на новиот циклон ЗЛАТКА.
Поголем бран на врнежи циклонот ЗЛАТКА кој ќе го зафати поголемиот дел од регионот но и европа ќе ни донесе во понеделник кога ќе се прошират речиси насекаде. Поради јужното и југозападно струење и загреаната атмосфера локално ќе има услови за нестабилна облачност проследена со грмежи и значително количество на воден талог (над 30 л/м2) и тоа особено во западната половина од државава.
Овој циклон особено во регионот односно особено во Црна Гора, Косово и Албанија можно е да услови и локални поплавувања. Помали услови за локални помали поплавувања има и во Македонија поради тоа што врнежите кој се очекуваат ќе бидат во релативно пократок временски период.
Сепак температурите на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени а во вторник ќе биде значително уште потопло и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.
За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.