skip to Main Content

Славчо Попоски: Денес и утре под влијание на студен бран, потоа затоплување

Славчо Попоски: Денес и утре под влијание на студен бран, потоа затоплување
  • 07.10.2019

Денес и утре под влијание на студена воздушна маса од север ќе имаме под просечни температури на воздухот. До крајот на денов облачноста ќе се зголеми и особено на југ ќе има послаби врнежи од дожд.

Иако се мали сепак има услови на највисоките планински врвови и за сосема слабо провејување на снег. Максималната температура на воздухот денес ќе се искачи во интервалот од 10 до 18 степени. Сеуште свежо време ќе имаме и утре со максимална температура од 12 до 18 степени а времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и без врнежи.

Под влијание на значително потопла воздушнамаса од југ значително затоплување на времето очекуваме од среда па натаму кога и температурите ќе бидат над просекот за овој дел од годината, односно истите ќе бидат во позначителен пораст. Некој посериозни врнежи и циклони не се очекуваат во следниот период. Најнова анализа околу позначителното затоплување НАСКОРО.

За подетални метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top