skip to Main Content

Славчо Попоски: Време само за скара и прошетки во природа – детална метео анализа

Славчо Попоски: Време само за скара и прошетки во природа – детална метео анализа
  • 28.09.2019

Време створено само за прошетки и правење скара во природа а сето ова значи многу сонце и топлина преку ден. Територијата на нашата држава овој викенд како и на почетокот од следната недела ќе се наоѓа под влијание на стабилна, суво и натпросечно топла воздушта маса од југ.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека во најтоплите предели, односно на југоисток максималните дневни температури се очекува да се искачат до 32 степени.

Овие температури ќе бидат повисоки од нормалните дури за околу десет степени. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер претежно од променлив правец.

За подетални метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top