Славчо Попоски: Атлантикот МНОГУ АКТИВЕН, заладување па повторно ЗАТОПЛУВАЊЕ во Македонија

Во следните денови Атлантикот ќе биде МНОГУ АКТИВЕН а силен циклонски систем ќе ја зафати и северозападна Европа па токму поради тоа падот на температурите и заладувањето кое го очекуваме особено од четврток нема да биде долготрајно кај нас, што значи по истото очекуваме повторен пораст на температурите на воздухот.
Истото го очекуваме од викендот и тоа особено од недела па во текот на следната недела. Од четврток ќе има повремени врнежи од дожд од локален карактер и истите локално ќе бидат со умерен интензитет a поради падот на температурите на високите планини ќе има услови за краткотрајно провејување на снег.
Од четврток до сабота максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот претежно од 10 до 17 степени додека на почетокот од следната недела истите поради порастот ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
Да напоменеме дека поради тоа што се работи за врнежи од локален карактер истите локално и ќе изостануваат. За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.