skip to Main Content

Скопје се приближува кон врвот – на најзагадени градови во светот

Скопје се приближува кон врвот – на најзагадени градови во светот
  • 27.10.2019

Куманово вчера беше на првото место во светот по загаденоста на воздухот, а денеска уште четири градови во Балканот се наредија во списокот, меѓу кои и Скопје.

Скопје е на десетто место на листата најзагадени градови, а вчера и завчера тоа беше Куманово со измерени и над 1.000 ПМ10 честички.

Куманово, пак, завчера, кога имаше енормни концентрации загаденост, беше на првото место на светската листа.

Општината Куманово, лани донесе акциски план за намалување на аерозагадувањето кој вклучува краткорочни и долгорочни мерки.

Откако мерната станица измери екстремно загаден воздух, вчера општина Куманово соопшти дека загаденоста била последица на палењето на фосилно гориво за греење на Кумановската болница.

Од општината рекоа дека се во тесна соработка со Министерството за животна средина, кое е надлежно за одржување и редовно калибрирање на мерните станици за амбиенталниот воздух во земјава. Континуирано се следат промените на загадувањето во општината не само за воздухот туку и другите емисии на загадување како отпад, вода и почва.

Со намалувањето на температурите, се очекува и загаденоста да биде зголемена. Македонија речиси секоја година има проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, но загаденост е присутна и во другите градови.

Back To Top