skip to Main Content

Скопјани пијат восоко квалитетна вода

Скопјани пијат восоко квалитетна вода
  • 22.03.2019

Скопјани можат да се пофалат дека пијат вода со висок квалитет. Скопската вода е една од трите најдобри во Европа, благодарение на  геолошкиот состав на теренот низ кој водата поминува додека дојде до изворот Рашче, објасни Зоран Божиновски директорот на центарот за санитарна контрола, на денешната посета на Рашче, по повод Светскиот ден на водата.

На ист став се и  градскиот татко Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски. Двајцата демантираа дека водата во Скопје е загадена.

Според испитувањата за утврдување на потеклото на водата во изворот Рашче, утврдено е дека 70% од водата потекнува од Шар планина, 20% од Жеден и 10% од реката Вардар.

По посетата на  изворот Рашче по повод Светскиот ден на водата, присутните се упатија кон лабараторијата каде се  вршат испитувања за квалитетот на водата за пиење. Настани по овој повод се оддржаа и ширум земјава.

Eлена Милошевска

Back To Top