skip to Main Content

Скопјанец погоден од воздушна пушка

Скопјанец погоден од воздушна пушка
  • 20.08.2018

Триесет и три годишниот И.И. од село Кадино кај Скопје вчера бил донесен во амбулантата во Петровец со повреда во ногата, нанесена од воздушна пушка, по што бил препратен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Како што соопшти МВР, инцидентот бил пријавен околу 18,30 часот од амбулантата во Петровец.

– Од извршениот разговор е дознаено дека Р.Б. со воздушна пушка му нанел повреда во пределот на левата надколеница, посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Back To Top