skip to Main Content

Скопската пожарна спасуваше жена „измасакрирана“ од домашна мачка

Скопската пожарна спасуваше жена „измасакрирана“ од домашна мачка
  • 07.10.2019

Пожарна, итно дојдете во Ченто! Ве молам, мачето ме нападна мене, а се обиде и двете деца. Заклучени сме на тераса! Вака звучела испаничената скопјанка кога се јавила на „193“, телефонот на Противпожарната бригада на Град Скопје, јавува плусинфо.

Ова е една од најдраматичните случки во која пред околу еден месец интервенирале скопските пожарникари, а да не е повикот за пожар, па спаѓа во т.н. технички интервенции. Од јануари досега помогнале во дури 170 вакви немили настани.

– Ова е еден од понеобичните случаи кои и нас многу нѐ потресоа, бидејќи лицето на жената беше речиси измасакрирано од нападот на мачката, која, инаку, е домашна и ја чувале со години. Повикот беше лично од неа, од стан во Ченто на претпоследна „45-ка“, а жената се јави од тераса на која се заклучила, за мачката да не продолжи да ги напаѓа неа и децата. Мачката останала затворена во станот, а без повреди, за среќа, останале двете деца и гостинчето на ќерката. Претпоставуваме дека, најверојатно, мачето било љубоморно на другарчето на ќерката, па дека тоа било можната причина за овој многу агресивен напад врз сопственичката – раскажува Владимир Симоновски, командант на Бригадата.

извор:плусинфо

 

Back To Top