skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

„Ситница“ во пасошот може да ве чини казна од 100 до 500 евра!

„Ситница“ во пасошот може да ве чини казна од 100 до 500 евра!
  • 12.08.2019

Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа.

Моминското презиме на невестите во пасошот ги чини од 100 до 500 евра. Според информациите на МВР досега постојано се изрекуваат прекршочни мерки токму поради оваа причина.

Нема ниту една казна од 500 евра, казните најмногу изнесуваат 100 евра. Инспекторите најчесто делат опомени за оние што не ја напуштиле земјата или пасошoт го искористиле само за медениот месец.

Граѓаните се соочуваат со казни и кога ќе стигнат на шалтер на одделението за патни исправи. Оттаму се повикани на разговор со инспектор. Доколку пасошот е искористен, од страна на МВР следува глоба. Ако истата не се плати во рок од осум дена прекршочната пријава се испраќа до судија за прекршоци.

Во Законот за патни исправи е предвиден рок од 30 дена за промена на патните исправи доколку има промена на лични податоци.

извор:скопје24.мк

Back To Top