skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Синот на Пабло Ескобар: Френк Синатра работеше за татко ми

Синот на Пабло Ескобар: Френк Синатра работеше за татко ми
  • 13.09.2018

Синот на Пабло Ескобар тврди дека пејачот и глумец Френк Синатра бил „негов човек во Мајами”, т.е. таму препродавал кокаин.

Ескобар, кој е роден во Колумбија, се уфрлил во картел уште во 1970-те, а по смртта на водачот Фабио Рестреп, момчето ја презема контролата и почнува со масовна експанзија на бизнисот со дрога. Во исто време во својот крај се однесувал како Робин Худ, па многумина и го обожавале поради хуманитарните проекти што ги финансирал.

Синот на легендарниот криминалец, архитектот Себастијан Марокин тврди дека еден од неговите соработници бил и легендарниот Синатра. – Тој сесрдно му помагаше на Ескобар да заработува околу 420 милиони долари неделно… Беше подобар препродавач, отколку пејач, вели Марокин.

И братот на Пабло, Роберто Ескобар ги потврдува овие наводи во својата книга, раскажувајќи како се почнало со тоа што Синатра се понудил да му го покаже Лас Вегас од хеликоптер.

Синатра почина 1998 година. Ова не е првпат тој да се поврзува со мафијата. ФБИ има цело досие за тоа со кого се бил поврзан во американското подземје, особено во Филаделфија и Детроит.

Гласините говорат и дека лик од филмот „Кум” е заснован на Синатра и тоа како тој ја добил улогата во „Одовде до вечноста” за којашто тој 1954 година беше награден и со Оскар. Токму затоа Синатра го мразел филмот „Кум“ и бил во постојан конфликт со режисерот Френсис Форд Копола.

Back To Top