skip to Main Content

Се враќа хартиениот билет за едно возење во автобусите

Се враќа хартиениот билет за едно возење во автобусите
  • 25.09.2019

Од 1 ноември скопјани повторно ќе имаат можност да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од јавниот превоз.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денес изјави дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на билетот за едно возење ќе биде утврдена на утрешната седница на Советот на град Скопје.

Билетот за едно возење најверојатно ќе чини 50 денари. ЈСП Скопје ќе набави 300.000 електронски билети што ќе можат да се купат во градските автобуси. Тие ќе треба да се валидираат идентично како и картичките „Скопска“. Цената на билетот е повисока, поради фактот што тие ќе се купуваат кај возачите во самите автобуси.

Back To Top