skip to Main Content

Рогот на Африка се отцепува од Континентот

Рогот на Африка се отцепува од Континентот
  • 04.04.2018

Во Кенија се појави мистериозна бездна во земјата долга неколку километри, што според некои научници е дел од долгорочното отцепување на Рогот на Африка од Африканскиот Континент.

Појавата на расцепот е резултат на движење на магмата под површината на земјата. Во изминатите денови, како резултат на поројните дождови, земјиштето се повеќе се раздвојува. Низ повеќе векови, овој процес може да предизвика одвојување на државите Кенија, Етиопија и Сомалија од африканското копно.

Разделувањето на еден континент на два дела, не е невообичаено. Така, на пример, настанале Атлантскиот Океан, со раздвојувањето на Јужна Америка од Африка.

Back To Top