skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Решен е деценискиот проблем со водата во Гевгелија, пуштен во употреба нов водоснабдителен систем, обезбедена чиста и здрава вода за граѓаните

Решен е деценискиот проблем со водата во Гевгелија, пуштен во употреба нов водоснабдителен систем, обезбедена чиста и здрава вода за граѓаните
  • 08.11.2018

„Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат. Пуштен е во употреба нов водоснабдителен систем, инвестиција вредна 1.7 милиони евра, преку кој се обезбедуваат дополнителни количества на чиста вода за пиење.

Со новиот систем во кој има три нови бунари ќе се обезбедат дополнителни 200 литри во секунда, со што проблемот со квалитетно снабдување со питка и чиста вода на граѓаните се решава за следните најмалку 30 години.

Со тоа, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

Како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, повеќе пари кај граѓаните, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“, соопштија од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

 

Back To Top