skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

Ресторани со најубав поглед

Ресторани со најубав поглед
  • 20.04.2018
1. Restoran Grotta Palazzese – Puglia, Италија

Извајан во варовнички карпи со поглед на Јадранското Море

2. Andronis – Санторини, Грција

Овој ресторан е комбинација на најимпресивниот поглед на море и највозбудливиот избор на грчки кулинарски специјалитети.

3. Crater Lodge, Танзанија

Во областа Нгоронгоро во Танзанија, постои голем вулкански кратер-калдера формиран пред речиси три милиони години. На ова идеално место е Кратер Лоџ, ресторан кој го комбинира природниот луксузен дизајн на Масаи со естетика инспирирана од барокни замоци украсени со брокат дивани, позлатени огледала …

 

4. Le Panoramic – Mont Blanc, France

Замислете ручек на височина, опкружен со снежна покривка додека гледате во високиот Мон Блан … Сето ова е можно во ресторанот “Le Panoramic”, кој се наоѓа во скијачкиот центар Шамони во Франција.

5. El Farallon – Kabo San Lukas, Мексико

Ресторанот El Farallon во Кабо Сан Лукас, Мексико, се наоѓа на врвот на хотелот Capella Pedregal и има најубав поглед на целиот регион. Освен што ќе ве остави без текст заради погледот, ист впечаток на вас ќе остави и вкусната храна од свежи морски специјалитети.

6. Le Jules Verne – Праиз, Франција

Лоциран на вториот кат од Ајфеловата кула, ресторанот “Ле Жул Верн” има ѕвезди на Мишелин и покрај понудата на неверојатен поглед на Париз, ќе ви овозможи незаборавно кулинарско искуство благодарение на познатиот шеф  Alan Dukasu.

7. Sirocco – Банкок, Тајланд

Овој ресторан се наоѓа на 63-тиот кат, на покривот на Dome облакодерот. Замислете поглед од оваа висина? Ресторанот нуди кулинарскo искуство од 5 ѕвезди. Со џез музиката ќе уживате во европските и азиските специјалитети.

8. Altitude – Сиднеј, Австралија

Овој ресторан нуди идеален поглед на пристаништето во Сиднеј. Се наоѓа на 36-тиот кат и има простор за само 18 гости. Опкружен со стакло прозорци од подот до таванот, гостите обично остануваат шокирани од погледот. Менито на ресторанот е одлично, како и понудата на вино.

Back To Top