skip to Main Content

Претепаното момче во Карпош е во критична состојба – итно е пренесено на Ургентен

Претепаното момче во Карпош е во критична состојба – итно е пренесено на Ургентен
  • 03.10.2019

Во општина Карпош денеска во попладневните часови момче било нокаутирано среде улица од засега непознат насилник кој веднаш го напуштил местото на настанот, а од МВР информираат дека се работи за повреден малолетник.

Од МВР потврдуваат дека денеска попладне околу 17.00 часот се случил инцидент на улица Шекспирова во близина на Машинскиот факултетот во Скопје, во близина на основното училиште „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, каде младо момче чиј идентитет е непознат било брутално нападнато, а според очевидците се наоѓало во многу критична состојба, пишува Слободен печат.

Back To Top