skip to Main Content

Прв македонски календар со пожарникари-спасители

Прв македонски календар со пожарникари-спасители
  • 20.02.2019

Во Скопје денеска ќе биде промовиран првиот македонски календар со фотографии од пожарникари-спасители на Скопската противпожарна бригада.

Календарот содржи 13 колор фотографии од сите четири чети на Противпожарната бригада во Скопје направени во просториите на бригадата и во нив се прикажани и дел од возниот парк и заштитната опрема што ја носат пожарникарите.

Иницијатор на проектот е пожарникарот Михаил Караколев, а автор на календарот е фотографот Димитар Апостолов. За кастингот бил задолжен Ненад Келебиќ.

Промоцијата на календарот беше закажана за 14 февруари, но беше откажана поради трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово.

Back To Top