skip to Main Content

Прашалник за здрава населба

Прашалник за здрава населба
  • 31.07.2019

Скопјани можат да се вклучат и да дадат свои мислења и предлози за подобрување на условите за живот во главниот град преку Прашалникот за здрава населба.

Прашалникот е алатка која им овозможува на заедниците, јавниот сектор, волонтерските групи и непрофитни организации, приватниот сектор и другите да ги најдат оние аспекти на градот кои треба да бидат таргетирани за да се подобри здравјето на луѓето, благосостојбата и квалитетот на животот.

Град Скопје информира дека има дадено согласност и поддршка во тестирањето на алатката на своето подрачје.

Граѓаните ќе имаат можност да ги оценат физичките елементи на просторот – зградите, улиците, јавните, отворени простори и природните простори што ја сочинуваат населбата и социјалните елементи – врските,
социјалниниот контакт и мрежите за поддршка што ја сочинуваат заедницата.

Граѓаните повеќе информации можат да најдат на линкот https://skrati.mk/zdravanaselba.

Резултатите од одговорите автоматски ќе се вцртаат во дијаграм и по завршувањето на истражувањето ќе бидат презентирани и објавени од Институтот за јавно здравје. Алатката е дизајнирана заеднички од NHS Health Scotland, шкотската влада и Архитектура и дизајн на Шкотска и е поставена во согласнот со авторите.

Back To Top