skip to Main Content

По иницијатива на учениците Гимназија „Алгоритам“ ќе го одбележи роденденот на училиштето со забава од хуманитарен карактер

По иницијатива на учениците Гимназија „Алгоритам“ ќе го одбележи роденденот на училиштето со забава од хуманитарен карактер
  • 06.03.2019

На 11.3.2019 година во просториите на Гимназија Алгоритам ќе се одбележи роденденот на училиштето со забава од хуманитарен карактер. Оваа година по иницијатива на учениците од Гимназија Алгоритам роденденската забава ќе биде хуманитарен настан.

Средствата кои што ќе ги соберат учениците ќе бидат наменети за поддршка на социјално ранливи групи.

Настанот ќе започне во 17:00 часот во просториите на Гимназија Алгоритам на ул. „Даме Груев“ бр. 16, ДЦ „Палома Бјанка“ 6 кат, истакна проф.Винета Жиковска – Здравковиќ која е Координатор за настава во ПСУ„АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР“ Скопје.

Back To Top