skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Османи оптимист дека многу бргу ќе се најде решение за законот за ЈО
Заев: Секој предлог за законот за јавно обвинителство е вреден за внимание
ВМРО-ДПМНЕ достави предлог за законот за ЈО

По грешка им легнале 120.000 долари на сметка

По грешка им легнале 120.000 долари на сметка
  • 11.09.2019

Двојка од Пенсилванија заработиле тужба за кражба, откако потрошиле илјада долари кои банката по грешка ги префрлила на нивна сметка, пренесува Б-би-си.

Роберт (36) и Тифани (35) Вилијамс по грешка на банката се збогатија за 120.000 американски долари и потрошиле скоро се. Парот, освен со тужбата, се соочува и со повеќе од 100.000 долари казна за пречекорување на дозволениот минус на сметката.

Според полицијата, парите се потрошени за купување на теренец, приколка, тркачки автомобил и други предмети. На пријателите им дале 15.000 долари. Тие признале дека знаеле дека парите не се нивни.

Парите на нивната сметка, наместо на сметката на инвестициска фирма, легнале во јули, а грешката е воочена 20 дена подоцна, па парите се земени од нивната сметка, а парот по тоа останал во огромен минус.

Според полицијата, Вилијамс до откривање на грешката веќе потрошиле околу 107.000 долари без да проверат пред тоа во банка за што се работи. Вилијамс на сметката вообичаено имале околу 1.000 долари.

Back To Top