skip to Main Content

Почнува есента, од утре ќе залади

Почнува есента, од утре ќе залади
  • 23.09.2018

Значителна промена на времето со заладување и силен ветер од утре најави УХМР. Денот ќе почне топол, со умерен југозападен и западен ветер, но попладне, а особено кој крајот на денот студена воздушна маса ќе се пробие од север и ќе ги намали температурите.

Се очекува северозападен ветер со брзина од околу 90 километри на час, што ќе ја зголеми облачноста со услови за краткотраен дожд на северот и западот од земјава и ќе донесе нагло заладување ноќта и во наредните денови.

Од УХМР најавуваат дека од вторник времето ќе биде претежно сончево, но со силен северен ветер и значително  постудено. Дневната температура во поголем дел од земјава ќе се намали за околу 10, а на места и за 15 степени.

Од среда наутро, пак, осетно ќе се намали и утринската температура, која на места ќе се спушти и околу нулата.

Во Македонија и на северната хемисфера денеска во 03:54 часот почна есента. Во исто време на јужната полутопка настапува пролетта.

На првиот ден од есента денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути.

Есента ќе трае до до 21 декември кога официјално ќе настапи зимата.

Back To Top