skip to Main Content

Почина хрватски планинар на Кораб

Почина хрватски планинар на Кораб
  • 23.08.2018

Хрватскиот планинар П.П. (58) од Сплит вчера починал откако му се слошило додека бил на Кораб, на местото викано „Кобилино поле“.

Како што соопшти МВР, со П.П. (58) на Кораб биле и други планинари, членови на планинарско друштво од Сплит. Во еден момент нему му се влошила здравствената состојба по што побарал помош.

По дојавата во Центарот за информации и команда Тетово, П.П. со хеликоптер на МВР бил донесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје, каде лекар констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Back To Top