skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски
В понеделник оставка од Котевски, но и извештај од истрагата за инцидентите
Манчевски: Неколку дена пред Конгресот на СДСМ ќе биде познат кандидатот за претседател
Осудените за „Диво насеље“ со отворено писмо до Ахмети, Груевски и Мијалков
Мицкоски: Поддршката за Силјановска Давкова е поддршка за правната држава
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Почина актерката Љупка Арсова Џундева

Почина актерката Љупка Арсова Џундева
  • 07.12.2018
Почина тивката дама на македонското актерство, Љупка Арсова Џундева, соопшти утрово Македонскиот народен театар.

„Со голема болка и огромно жалење ја споделуваме веста за смртта на актерката Љупка Арсова Џундева (1934-2018), тивката дама на македонското актерство. Џундева секогаш со гордост истакнуваше дека припаѓа на втората генерација актери на некогашната Висока театарска школа, а со тоа е дел од создавањето на поновата историја на театарската уметност во Македонија. Нејзиниот ентузијазам и копнеж по театарската сцена, но и нежниот и милозвучен карактер, безвременска убавина, романтична појава и жесток став во негувањето на звучниот мајчин јазик ја направиле миленичка на театарските режисери, но и на широката театарска, филмска и телевизиска публика“, пишува во соопштението.

Џундева работела во МНТ целиот свој професионален живот од 1951 до 1990 година, кога заминала во пензија. Нејзината последна улога на сцената на МНТ е во 2015 година, како Марина во претставата „Вујко Вања“ од Чехов во режија на Зоја Бузалковска.

„Љупка знаеше да каже дека треба да се најде мирот и љубовта кон луѓето, и колку што е можно човек треба да му се радува на животот. „Ние сме многу малку гости на овој свет“, знаеше нашата Буба. „Човек треба да се научи прво да си ги прости своите грешки самиот на себе, а потоа да ги прости и на другите. Кога ќе простиш, ќе го најдеш својот мир и ќе се ослободиш“ стои во натписот на МНТ.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top