skip to Main Content

Посмртните останки на 33 жртви на геноцид ќе бидат пренесени во Поточари

Посмртните останки на 33 жртви на геноцид ќе бидат пренесени во Поточари
  • 09.07.2019

Посмртните останки на 33 лица кои се убиени за време на масакрот во јули 1995 година во Сребреница, денеска од гробиштата во Високо ќе бидат пренесени во Меморијалниот центар Поточари.

Останките на 33-те жртви ќе бидат закопани на заеднички погреб на 11 јули.

Колоната која ќе се движи со табутите (носила на кои муслиманите го носат мртовецот) од Високо до Поточари, кратко ќе застанува на неколку места, меѓу кои и Претседателството на БиХ во Сараево.

Се очекува голем број граѓани да излезат на улиците и да им оддадат почит на убиените жртви.

Најмладата жртва која ќе биде закопана оваа година во Поточари е момче кое во тоа време имало само 16 години, а највозрасната е жена на 82 години.

Back To Top