skip to Main Content

Посебен сообраќаен режим во Скопје во следните два дена

Посебен сообраќаен режим во Скопје во следните два дена
  • 01.10.2019

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре и задутре (02 и 03.10.) во посета на нашата држава ќе престојува државна делегација на Република Црна Гора.

Поради тоа, во наредните два дена на дел од сообраќајниците во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за разбирање и за почитување на упатствата на полициските службеници задолжени за безбедноста на делегацијата.

Back To Top