skip to Main Content

Посебен сообраќаен режим во Охрид

Посебен сообраќаен режим во Охрид
  • 06.07.2019

Во Охрид денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим поради Европскиот јуниорски триатлон куп и Националното триатлон првенство.

Според Секторот за внатрешни работи, меѓу 13:00 и 13:30 часот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, од пресекот на булеварот „Туристичка“ со „АСНОМ“ до локалниот пат за „Инекс“, ќе почне генералната проба, а утре, од 07:40 до 18:20, покрај оваа траса, опфатен ќе биде и патот покрај „Студенчишко блато“ кон плажата „Бафало“.

– Предвидена е забрана за движење на возила по булевар „Туристичка“ од пресекот со „АСНОМ“ до пресекот со локалниот пат кон хотел „Инекс“ само во правецот од Охрид кон „Свети Стефан“, а во обратен правец ќе има двосмерен сообраќај. Ќе биде поставена вертикална патна сигнализација. Сообраќајот од Охрид кон Свети Наум, од булеварот „Туристичка“ кон регионалниот пат, ќе се одвива по левата коловозна лента, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Упати апел до сите учесници во сообраќајот, да се придржуваат до означените правци на движење и да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

Back To Top