skip to Main Content

Попоски: Се очекува САХАРСКА ПРАШИНА и песок – како ќе влијае времето понатаму врз граѓаните

Попоски: Се очекува САХАРСКА ПРАШИНА и песок – како ќе влијае времето понатаму врз граѓаните
  • 12.10.2019

Јужно и југозападно струење на висина, Сахарска прашина и песок и непријатна топлина овие денови ќе ја зафати територијата на нашата држава.

Поточно ќе бидеме под влијание на невообичаено топла воздушна маса од југозапад која ќе условува понатамошен пораст на температурите на воздухот кој во следните денови ќе се ислачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во централните и во југоисточните предели температурите на воздухот се очекува да се искачат до максимални 30, 31 степен што се типично летни. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и претежно слаб ветер од променлив правец.

УВ ИНДЕКСОТ поради топлиот бран понатаму малку ќе порасне и ќе има умерено висока вредно и ќе изнесува 5 што не е опасно врз граѓаните.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top