skip to Main Content

Попоски: Од четврток следува нова ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето – МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз метеопатите

Попоски: Од четврток следува нова ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето – МНОГУ ЛОШО ќе влијае врз метеопатите
  • 08.10.2019

По студениот бран кој ја зафати нашата држава и го донесе првиот снег на високите планински места веќе од четврток очекуваме ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите на воздухот кој на многу места од четврток па натаму ќе се искачуваат и над 20 степени.

Во централните и во југоисточните предели од државава истите се очекува до околу 25 степени. Локално истите е можно да се искачат и малку над 25 степени и овие вредносто ќе навлезат во границите на надпросечните вредности, односно ќе биде потопло од вообичаеното.

Исклучок ќе биде петок кога поради северниот ветер ќе имаме малку пониснки температури. Времето ќе биде претежно стабилно и суво без врнежи со исклучок во четврток и петок кога попладнето ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.

Во следните денови ќе имаме сончево време повремено со умерена локална облачност. Во четврток ќе дува умерен, повремено на некои места и тоа особено на запад и во Пелагодина засилен ветер од западен правец кој во петок ќе го промени својот правец во северен и ќе биде поизразен долж Повардарието и на север од државава.

Наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот претежно од 6 до 13 степени во најтоплите предели од државава.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе се одрази врз метеопатите, односно големите разлики на температурите на воздухот и наглите промени на времето веќе подолг период влијаат врз погоглем дел од граѓаните. Истото ќе се случи и сега каде особено кај метеопатите ќе има услови за појава на позначителни здравствени проблеми.

За нови и подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top