skip to Main Content

Повеќе од милион луѓе вклучени во онлајн анкета за летното сметање на времето во Европа

Повеќе од милион луѓе вклучени во онлајн анкета за летното сметање на времето во Европа
  • 03.08.2018

Европската онлајн анкета за евентуално укинување на праксата на поместување на стрелките на часовникот нанапред во текот на летното сметање на времето, предизвика голем интерес, соопштија претставници на ЕУ.

-Уште сме на средина на испитувањето и регистриравме повеќе од милион испитаници, изјави портпарол на ЕК.
Само во првите три дена се регистрирале повеќе од 500.000 лица.

Социолошкото испитување, кое почна во јули, а ќе трае до 16 август, ги прашува европските граѓани, дали претпочитаат укинување на летното сметање на времето, и дали преферираат лето или зима за менување на времето.

Врз основа на резултатите и наодите од другите анкети, ЕК сака да донесе одлука за предлогот за укинување летното сметање на времето.

Европскиот парламент, како и неколку земји членки, ја замолија Комисијата да ја преиспита сегашната практика за поместување на стрелките на часовниците на пролет и на есен, и да процени дали таа треба да биде променета.

Back To Top