skip to Main Content

ОЈО поднесе обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на дрога

ОЈО поднесе обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на дрога
  • 19.12.2018

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик.

Како што соопшти ЈОРМ, обвинетиот во својот дом неовластено заради продажба држел поголема количина наркотична дрога и тоа: 19 пакувања наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од околу 35 грама, четири пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 1,17 грама, како и синтетички опијат – метадон во  шест шприца со вкупен волумен од 6,5 милилитри, како и 307 пластични шишенца метадон исполнети со поединечно количество 1мл –   70мл синтетички опијат.

Ценејќи дека се уште постојат законските основи поради кои на лицето му беше определена мерка притвор, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетиот.

Back To Top