skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ одбележува пет децении работа

ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ одбележува пет децении работа
  • 22.05.2019

Општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар денеска и утре го одбележува својот јубилеј – пет децении успешна работа.

Училиштето за јубилејот подготви дводневна програма во училишниот двор со приредба на учениците, настап и обраќање на гостите, а продолжува со забава со наставниците, учениците и нивните родители, но и поранешните ученици и пензионираните наставници.

Забавата ќе продолжи со настапи на Џон Илија Апелгрин, Гаро, Тони Китановски, „Бандикс“, поранешни ученици во училиштето и два млади бенда од ученици кои во моментот учат во училиштето. Свеченото одбележување на јубилејот продолжува и утре, за кога е закажана централната манифестација.

Во рамките на одбележувањето на 50-годишнината, општината издаде монографија на училиштето наречена „Pestalozzi“, на авторот Кочо В Костов, и е посветена на објектот во кој е сместено ова основно училиште.

– Овој објект се смета за невообичаен по многу нешта, првенствено по својата уметничка, поточно архитектонска вредност, но уште повеќе по фактот дека претставува иновација од областа на асеизмичката изградба. Истовремено, тој објект е многу повеќе од само училишна зграда, тој е симбол на квалитетно образование и воспитување, но и симбол на солидарноста и трајното поврзување на Швајцарија и Македонија, објаснува Костов.

Back To Top