skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Осум сообраќајки во Скопје, шестмина повредени

Осум сообраќајки во Скопје, шестмина повредени
  • 27.11.2018

Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица  се полесно телесни повреди во осум сообраќајни несреќи што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.

Според полицискиот извештај, 25 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, двајца возачи возеле под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и двајца возачи почетници.

Исклучени од сообраќај биле и девет нерегистрирани возила.

Изминатите 24 часа сообраќајната полиција издала 65 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

Полицијата санкционирала и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца за неправилно престигнување и пет возачи за непоседување пропишана зимска опрема во возилата.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top