skip to Main Content

Од четврти до 29 ноември платете ги заостанатите сметки за вода и смет без камата

Од четврти до 29 ноември платете ги заостанатите сметки за вода и смет без камата
  • 30.10.2019

Граѓаните на Град Скопје од четврти до 29 ноември годинава ќе можат да ги платат заостанатите долгови за вода и комунален смет без камата.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, на 22-та седница Управниот одбор на ова претпријате донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

ЈП „Водовод и канализација” ги повикува сите граѓани кои имаат долг, да го искористат овој период за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање.

Back To Top