skip to Main Content

Ова е најрасцветаната авенија во светот. Знаете ли каде се наоѓа?

Ова е најрасцветаната авенија во светот. Знаете ли каде се наоѓа?
  • 05.04.2018

Иако повеќето помислуваат на Јапонија кога ќе ги слушаат зборовите “фестивал на црешови цветови”, импресивните цветови ќе ги сретнете и во други делови ширум светот. Најживописните и романтични цути можат да се најдат на авенијата Херстрасе, исто така позната како “Авенија на црешови цветови” во Бон, Германија.

Цветната авенија во Бон, Германија, се простира во населбата Нордштат, во која исто така се наоѓа познатата, “Куќа на Бетовен”. Назад во 1980-тите години, украсните, јапонски, цветни дрва беа засадени долж улицата Херстрасе. Од тогаш па до денес, секоја пролет ги оживуваат улиците во розова боја.

Мирисот на пролетта е најинтензивен ширум старите калдрмасти улици на Бон,прекриени со убавите розови гранчиња. Ако тоа не е достојно за романтична прошетка, не знам што е! Ако застанете да направите неколку фотографии на патот, нема да бидете прва личност што ќе го стори тоа.

И не заборавајте “Авенија на црешови цветови”да ја меморирате ја во листата на пролетни дестинации кои вреди да се посетат!

Back To Top