skip to Main Content

Обвинение за жителот од Марино кај кој беше пронајдено оружје и муниција

Обвинение за жителот од Марино кај кој беше пронајдено оружје и муниција
  • 19.07.2019

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило  кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Обвинетиот, 65-годишен жител на село Марино, во својот дом неовластено држел полуавтоматски пиштол „Црвена застава мод.70“ со калибар од 7,65 милиметри, со два шаржера, десет куршуми со калибар 7,65 милиметри, ловна пушка „Заводи црвена застава“ со калибар 12 милиметри, полуавтоматски пиштол „Црвена застава м 57“ со калибар 7,62Х25 милиметри, 18 куршуми за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло, наменета за истрелување на оловни проектили – дијаболи.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје  достави предлог за продолжување на веќе определената мерка куќен притвор.

Back To Top