Ново опожарено возило во Штип

Во Штип рано изутринава во 5:40 часот на улицата „Сремски фронт“ на паркинг просторот меѓу двете станбени згради е опожарено едно возило, а друго е делумно оштетено.
Емир Чавиров сопственик на возилото марка „мерцедес“ вели дека Противпожарната служба веднаш пристигнала, но возилото за кратко време е целосно изгорено. Вели дека нема никаква причина, ниту пак непријатели за да му наштетат и да му направат вакво злодело. Очекува полицијата да ги најде сторителите на намерното палење на неговиот автомобил. Смета дека сега автомобилот, а утре може и некој да загине при вакво палење на возилата во Штип.
МИА пред неколку дена информираше за палење на три возила и на две делумно оштетени во штипската наслеба Сењак. Според доказите и во тој случај станува збор за намерно палење на автомобилите со запаливи течности.
Според статистичките податоци на Противожарната служба опожарени се 20 возила во штипскиот регион од почетокот на годината па досега, а службите на СВР Штип треба да излезат со конкретни податоци колку од возилата се случајно запалени, а колку од нив се дело на пиромани.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.