skip to Main Content

Бела ноќ: Скопје брои – Помалку од 20 часа до “лудница” во Insta Café

Бела ноќ: Скопје брои – Помалку од 20 часа до “лудница” во Insta Café
  • 04.10.2019

„Бела ноќ“ е несомнено најголемата градска културна манифестација. Исто така „Бела ноќ“ е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика, затоа што програмата што ја нуди доминира со квалитет и несекојдневни содржини.

Кафе барот за кој што цел град говори, се приклучува кон трендот на одбележување на оваа ноќ.  Интересот на жителите на главниот град, а “Бога ми” и дел од дипломатскиот кор, е оваа ноќ да ја поминат во Insta Café кој акцентот го става на домашните уметници (DJ Fici & DJ Martin) со цел да се збогати културната понуда на Скопје.

Несомнено ова ќоше на екс „Ленинова“ ќе блесне во вистинско светло и како многу пати до сега ќе ги остави присутните воодушевени.

Реоткривање на патеката на културата, добрата забава, насмеаните и расположени домаќини ви ја отвараат вратата на во најурбаниот кафе бар во Скопје. Останува да го посетите  Insta Café и да се уверите во она што градските фаци веќе го знаат – кафе бар уреден по светски стандарди, удобен со модерен ентериер, препознатлив по специјалитети во кои се внимава на детали до последната користена состојка.

Ова место, кое по многу нешта е поразлично од многубројните кафулиња во Скопје и државава, како по неговиот модернистички ентериер така и по неговиот концепт, му го „даде“ на главниот град она што му фалеше – одлична забава за секого.

Уживајте го моментот, забавувајте се за „Бела нок“, бидете и виде дел од  Insta Café.

Back To Top