skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ЈО побара продолжување на притворот на Јанева за нови 30 дена
Калајџиев ќе биде предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов Јавен обвинител?
Алијанса за Албанците: Режимот ВМРО-ДУИ го монтираше, судовите на СДСМ-ДУИ пресудија, бараме меѓународна истрага за „Диво Насеље“
Македонија ги исполни сите услови – на ред е ЕУ

Неисправни сопирачки, сигнализација и волани откриени кај возила кои превезуваат патници

Неисправни сопирачки, сигнализација и волани откриени кај возила кои превезуваат патници
  • 31.08.2018

Неисправени уреди за кочење и за управување, неисправни светлосно сигнални уреди, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема, се недостатоци што се откриени кај автобуси и возила кои вршат јавен превоз.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека неправилностите се откриени при вчерашната акциска контрола во Скопје во која биле контролирани 110 автобуси и возила.

На дополнителни проверки во станица за технички преглед се упатени 25 возила кои вршат јавен превоз на патници. Преземени се вкупно 33 мерки за сторени прекршоци, односно 15 прекршочни платни налози, 12 возила се исклучени од сообраќај и поднесени се шест барања за поведување на прекршочна постапка.

Back To Top