skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари од серијата хороскопски знаци

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари од серијата хороскопски знаци
  • 06.12.2018

„Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ се новите ковани пари за колекционерски цели што ги издаде и ги пушти во оптек Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Станува збор за дел од серијата „Хороскопски знаци“, а цената на кованите пари е 2.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Сите три монети во централниот дел на аверсот имаат четири атласа што го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездијата Вага, Скорпија или Стрелец, зависно од паричката. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на вага/скорпија/стрелец од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак вага/скорпија/стрелец. Во долниот дел е претставена златна слика на вага/скорпија/стрелец, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак, а на левата страна, ознаката Ag925.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на НБРМ.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top