„На Точак“: Поставеноста на новите контејнери на велосипедските патеки го отежнува движењето и мобилноста

Граѓанската иницијатива „НаТочак“ испрати допис до Град Скопје во врска со новонабавените контејнери, чија поставеност на самите велосипедските патеки значително го отежнува движењето и мобилноста на велосипедистите, пешаците, како и инвалидизираните лица.
Во дописот, иницијативата бара одговори на тоа кое тело и на кој начин ја донело одлуката за набавка на вакви контејнери и дали притоа претходно е направена проценка и елаборат за поставувањето на урбана опрема.
Меѓу поставените прашања, се бара и одговор дали во тој процес е воспоставена соодветна соработка со сите засегнати страни, вклучувајќи и лица од Секторот за сообраќај, Секторот за урбанизам, СВР Скопје и други инволвирани страни што работат на проектот „Скопје Велоград“ и кои стандарди за урбанистичко планирање и уредување на просторот се користени при изборот на локации на контејнерите.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.