skip to Main Content

На лондонски аеродром запленети 50 крокодили

На лондонски аеродром запленети 50 крокодили
  • 05.05.2018

На лондонскиот аеродром Хитроу запленети се 50 крокодили поради тоа што не биле транспортирани согласно прописите.

Рептилите стари една година, стасале со лет од Малезија и меѓусебно се бореле за време на патувањето поради тешките околности во кои се нашле, јави Би-Би-Си.

Тие биле сместени по 10 во бокс, иако било предвидено во боксовите  да има по четири крокодили.

Еден од крокодилите угинал за време на патувањето, а останатите се згрижени.

Back To Top