skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Собраниската Комисија утре ќе ја започне дебатата по уставните амандмани
Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“
Трајковски по посетата на Груевски во Будимпешта, без коментар пред денешното рочиште за насилството во Центар
Во Врховен расправа по жалбата на Митриновски околу неговото разрешување
Мицоткаис до Ципрас: Не ја спасивте Македонија, туку отстапивте македонска националност и јазик
Гутереш: Преспанскиот договор е пример за мирно решавање спорови
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Најскапите јадења во светот!

Најскапите јадења во светот!
  • 10.04.2018

Овие седум раскошни јадења од разни краеви на светот претставуваат врв на кулинарската креативност, а тоа се одразува и на нивната цена.

Пица од 2.000$,(Industry Kitchen, Њујорк). Пицата со тенко тесто е прекриена со бел Stilton кашкавал, паштета од гускин џигер, француски тартуфи, Oсетра кавијар, златни листови и украсни латици од цвет. За овој луксуз, морате да резервирате два дена однапред.

 

Капучино од 20$ (Emirates Palace, Абу Даби). Овој хотел ветува “супериорен спој на ароматично кафе”, со 24-каратни златни листови и чоколадни трошки. Се сервира на сребрен послужавник со црно чоколадо од страна. Една шолја чини 12.60$, но со доплата за услугата, данок за туристите и општинската такса, гостите плаќаат 16 долари за една шолја кафе.

 

Бургер од 600$, (Burger Brasserie, Лас Вегас). За да уживате во најскапиот бургер на светот, посетете го ресторанот “Burger Brasserie” во Лас Вегас. Овој сендвич нуди говедско месо од регионот Коби и јастог, прекриен со пршута, карамелизиран сладок кромид, сирење од Франција, балсамико оцет и кора од пармезан.

 

Хот дог од 130$, (Tokyo Dog, Сиетл). Овој хот дог морате да го нарачате две недели однапред, а истиот содржи германски колбас Bratwurst со димено сирење, парчиња Wagyu говедско месо, теријаки кромид, Маитаке печурки, паштета од гускин џигер, црни тартуфи, кавијар и јапонски мајонез.

 

Сладолед од 775 $, (Serendipity 3, Њујорк). “Богатиот златен сладолед” се состои од сладолед од ванила од Тахити и ванила од Мадагаскар, прекриен со 24-каратно злато, “Amedei Porcelana” чоколаден сируп и парчиња чоколадо од Венецуела. За декорација се користи париско кандирано овошје, позлатени бадеми, тартуфи и марципан од цреши.

 

Тако од 19.000$  (Grand Velas Los Cabos Resort, Мексико). Ова јадење е достапно во ресторанот “Frida” во мексиканското одморалиште со пет ѕвезди. Ова тако содржи кобеанско говедско месо, јастог, “Almas Beluga” кавијар, црни тартуфи и сос од пиперчиња, кафе и текила. Секако, украсен е со златни листови.

 

Кронат од 1.500$ (Dum Dum Donutterie, Лондон). Луксузната верзија на Кронат (или “крофнасан”) е направена од црнобел кроасан со шафран, украсен со златни зрна ванила од Тахити и познатото “Amedei Porcelana” чоколадо. По печењето, кронатот се прелива со чоколадо, златни трошки и кавијар.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top