skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Најважен 10 годишен предизвик: Климатски промени предизвикани од човечката негрижа кон природата

Најважен 10 годишен предизвик: Климатски промени предизвикани од човечката негрижа кон природата
  • 22.01.2019

Животните успеси, но и глобалните проблеми се најдоа на виралниот хит „10 годишен предизвик“ кој се појави на социјалните мрежи. „Гринпис“ на „Инстаграм“ објави фотографии од амазонските прашуми, друг инстаграм-профил сподели фотографија од коралните гребени, а се приклучи и Леонардо ди Каприо, кој објави фотографии од Арктикот и од уништувањето на шумите. Неодамна милијардерот Ричард Бренсон со неколку истражувачи со подморница нурнаше во Големата сина дупка во Белизе и се изненади од тоа што го пронашол таму – пластични шишиња.

Исто така, голем акцент се става на климатските промени предизвикани од топењето на мразот. Глечерите на Антарктикот во текот на изминатите четири децении се топат со голема брзина поради приливот на топла океанска вода. Секоја година од 1979 до 1989 година Антарктикот губел по 40 милијарди тони мраз, кој се топел во океанот. Таа бројка се зголемила на 252 милијарди тони годишно од 2009 година. На ова се надоврзува и нова научна студија објавена во американското научно списание „Proceedings of the National Academy of Sciences“, со која е потврдено дека денес стапката на топење на мразот е за четири пати повисока.

Откритијата се доказ дека светот би можел да се соочи со катастрофални последици ако климатските промени продолжат со исто темпо. Дополнително придонесуваат сушите, топлотните бранови, суровите бури и други екстремни временски услови кои настануваат со загревање на Земјата. Научниците веќе предупредуваат дека морињата би можеле до 2100 година да се зголемат за околу 90 сантиметри на глобално ниво доколку светот не го намали испуштањето на јаглерод.

Најфрапантниот податок е дека Источен Антартик кој има најмногу мраз на целиот континент се соочува со сериозно топење и дека многу масивни глечери кои до сега биле малку проучувани губат значителни количини мраз.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top