skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Научници работат на средство за контрола на размножувањето на комарците

Научници работат на средство за контрола на размножувањето на комарците
  • 09.01.2019

Истражувачи од Универзитет на Аризона соопштија дека оствариле голем напредок во развојот на средство за контрола на размножувањето на комарците, чија цел  е спречување на ширењето маларија и други болести одговорни за стотици илјади смртни случаи годишно.

Тие откриле протеин кај женките комарци кој, доколку се блокира, положените јајца се со аномалии што предизвикува угинување на ембрионот во нив. Така ќе се уништат голем дел од комарците, но не и други, корисни инсекти, како што е пчелата.

– Ова е важно откритие… Со него се елиминира отпорноста на комарците и има многу поголеми шанси да биде био-безбеден (за  разлика од други слични методи), изјави шеф на универзитетскиот Оддел за хемија и биохемија, Ројзер Мајсфелд.

Според Светската здравствена организација (СЗО), од околу 216 милиони луѓе кои заболеле од маларија во 2016 година, дури 445.000 починале, претежно бебиња и мали деца во Субсахарска Африка. По маларијата следат вирусот зика, жолтата треска, чикунгуња, западнонилската треска и денгата, кои последниве децении се во постојан пораст.

Back To Top