skip to Main Content

НАСА конечно го започна досега најголемиот „лов“ на вонземјани

НАСА конечно го започна досега најголемиот „лов“ на вонземјани
  • 08.08.2018

Телескопот што НАСА го лансираше пред неколку месеци неодамна се најде меѓу Земјата и Месечината и почна да скенира 85% од ноќното небо, барајќи планети слични на нашата, пишува Business Insider.

Со помош на ракетата Falcon 9 на SpaceX телескопот TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite) на НАСА беше успешно лансиран на 18 април, а се очекува со негова помош да бидат откриени околу 50 планети слични на Земјата. Во наредните две години овој телескоп ќе набљудува околу 200.000 ѕвезди и потенцијално ќе открие илјадници нови планети оддалечени и по 200 светлосни години од Земјата.

„Дали знаете дека има повеќе планети од ѕвезди во нашиот универзум? Се радувам на чудните, фантастични светови што ќе ги откриеме“, вели Пол Херц од НАСА.

Според неговата колешка Сара Сигер, можеби нема да биде потребно многу време за овој телескоп да ги пронајде првите кандидати слични на Земјата кои се наоѓаат надвор од Сончевиот систем. На многу начини TESS е продолжение на вселенскиот телескоп Kepler, лансиран во 2009 година. За две години овој телескоп откри 4.000 планети, од кои 50 се слични на Земјата. Но, амбициите за TESS се поголеми и според НАСА , телескопот ќе открие илјадници планети.

Во март 2021 година НАСА треба да го лансира најголемиот телескоп во светот, кој ќе работи на температури од минус 233 степени Целзиусови, а чија задача исто така ќе биде да пронајде знаци на живот во вселената.

извор кајгана

Back To Top