skip to Main Content

Морничавата иранска „Анџелина Џоли“ заврши зад решетки поради богохулие

Морничавата иранска „Анџелина Џоли“ заврши зад решетки поради богохулие
  • 07.10.2019

Инстаграм ѕвездата Сахар Табар позната по тоа дека го смени личниот опис за да личи на Анџелина Џоли е уапсена. Таа била приведена на барање на судскиот Совет на Техеран, кој работи со „културолошки криминални дела и морална корупција“.

Сахар се соочува со обвиненија за богохулие, вклучувајќи насилство, заработка на пари на несоодветен начин и охрабрување на младите да се однесуваат коруптивно, информираше иранската агенција.

Табар се прослави на Инстаграм минатата година, откако објави серија на фотографии од нејзиниот лик на кои се забележува драстичната промена на изгледот со пластични операции. Поголемиот дел од фотографиите и видеата кои ги објавува за нејзините следачи се радикално изменети за таа да личи на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.

Инаку, Инстаграм е единствената социјална мрежа која е дозволена во Иран. Фејсбук и Твитер, како и апликацијата за комуникација Телеграм се официјално забранети.

Back To Top