Метеорологот Попоски предупредува: Следува ГОЛЕМА промена на времето

Под влијание на невообичаено топла воздушна и стабилна воздушна маса од југ ќе бидеме под влијание уште утре, додека веќе во среда се очекува постепено зголемување на облачноста, а ќе започне да дува и северен ветер кој повремено на повеќе места ќе засилува на интензитет.
Голема промена на времето и тоа под влијание на ЛУЦИЈАН ќе имаме веќе од четврток па натаму и тоа проследено со зголемена облачност, пад на температурите шест до десет степени и на повеќе места повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат нешто поинтензивни, па токму поради тоа, на самиот крај од овој месец и на почетокот на ноември, како што веќе најавивме, ќе дојде до ублажување на долготрајната суша која ја зафати нашата држава но и регионот.
Поради заладувањето и значителниот пад на температурите на воздухот на повисоките планински места низ државава ќе има услови за повремени врнежи од снег но и услови за формирање на бела покривка.
ВОНРЕДНО БИОМЕТЕО: Поради значителната и релативно брза промена на времето понатаму биометеоролошките услови кај нас ќе бидат МНОГУ НЕПОВОЛНИ, па така повеќето граѓани ќе почувствуваат мачнини и здравствени проблеми.
Кај метеопатите пак е можна појава на главоболка, болка во коските и на местата од старите рани како и повремена нервоза но и тежина во главата и телото. Поради ваквата ситуација на тие граѓани кои ќе почувствуваат поголеми здравствени проблеми им се препорачува да побараат совет од својот лекар.
За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.